FREQUENTLY ASKED QUESTIONS

SHIPPING, WARRANTY, RETURNS

Everything you need to know.

WATCHES

SUNGLASSES AND LEATHER

Зошто да користам филтрирана вода, кога ми е посигурно да купувам вода во пакување?


Вода за пиење е најважната храна за луѓето, затоа водата е строго контролирана со државни прописи и стандарди за да ги заштити конзументите од болести и да обезбеди нивна благосостојба. Најважниот услов секогаш е водата да биде без патогени микроорганизми и да не претставува ризик по здравјето на луѓето. Водата во пакување е чиста, но низ целиот синџир од полнење на водата додека таа да стигне во вашиот дом, подложна е на многу можности за контаминација доколку не се чува и складира правилно (на земја, изложеност на сонце, оштетување на пакувања).

Затоа користењето на вода од чешма е најсигурна опција кон нула отпад и заштита на природата.

Иако водата од градските водоводи во Македонија генерално е здрава и бактериолошки исправна за пиење, често граѓаните заради сигурност и подобар вкус купуваат вода од шише.

Системите за филтрација на вода овозможуваат чиста и сигурна вода за пиење од чешмата во вашиот дом. Бројните можности што ги нудат системите на BWT за прочистување, отстранување на мирис, минерализација, сосема ја елиминираат потребата од купување на вода во шише. Доколку си полните вода и ја носите со себе, каде и да одите, дополнително давате свој придонес во заштитата на животната средина.

Се повеќе расте свесноста за потребата од намалување на отпадот, а системите за филтрација на вода ви овозможуваат да пиете здрава и квалитетна вода директно од чешмата во вашиот дом или да го подготвите најдоброто кафе и чај. Користењето на системи за филтрација на вода кои го елиминираат бигорот и цврстите честички дополнително штедат средства за отстранување на бигор, се штеди енергија при загревање на бојлер и директно влијаат врз намалување на емисијата на CO2.




Дома имам диспанзер за вода и доставувач кој ми носи вода во стакло кога ќе се потроши. Зошто да одберам систем за филтрација на вода за пиење?


Неправилната употреба и нередовно чистење на диспанзерот за вода, особено во домашни услови, може да предизвика развој на различни микроорганизми и наслаги кои може да бидат штетни по здравјето. При конзумирање на прочистена, филтрирана, но проточна вода овие опасности се минимизирани. Дополнително, трошоците при користење на продуктите на BWT третман на вода значително се пониски од купувањето на вода за диспанзери. Со користење на водата од чешма, третирана со врвната технологија на BWT, добивате чиста и здрава вода од вашата чешма, без притоа да ја загадуваме околината.

Имајте предвид, дека и со доставата на вода во вашиот дом и транспортот влијае врз емисијата на CO2. Да бидеме одговорни и за нашето здравје, за здравјето на нашето семејство, но и за животната средина.




Во поголемите населени места според официјалните податоци водата е исправна и добра за пиење и од градскиот водовод. Каква разлика ќе направи систем за прочистување на вода?


Водата од градските водоводи е исправна за пиење, но често заради поголемо количество за хлор има непријатен мирис и не ги задоволува вкусовите на потрошувачите. Со системите за третман на вода на BWTосвен што се отстрануваат микроорганизмите и ситни честички, се отстранува и непријатниот мирис, а постои и опција за збогатување на вкусот и квалитетот на водата за пиење од вашата чешма, така што задоволството од вкусна, здрава и чиста вода, може да го имате секогаш во вашиот дом.

Системите пак за третман на вода кои ја омекнуваат тврдата вода, односно го отстрануваат бигорот освен што обезбедуваат квалитетна вода за пиење, овозможуваат и заштита и долговечност на апаратите од бигор, штедат електрична енергија, а кафето и чајот имаат неповторлив вкус. Водата која не е тврда обезбедува и подобар квалитет на испраните алишта, но и одличен третман на кожата и косата во вашиот дом.




Зошто ми е потребна филтрирана и пречистена вода и во бањата? Дали е доволно да ја филтрираме само водата за пиење?


Со третираната вода во бањата си обезбедувате себе си и на вашето семејство врвно уживање во капењето – косата и кожата се помеки. Дополнително алиштата испрани во вода во која нема бигор се помеки, а апаратите во домаќинството како бојлери за топла вода, машини за перење и слично траат многу подолго и штедат енергија.




Дали филтрираната вода е безбедна за бебиња или мора да се преврива?


Филтрираната вода е безбедна за бебиња, сепак од вашиот став зависи дали ќе ја превривате.




Дали може да се полеваат цвеќиња со филтрирана вода или тоа не е препорачливо?


Да, може.





Shipping


All orders will ship within 2 days of the order being placed if the sunglasses/leather goods are in stock. All sunglasses or orders over $100 ship free via UPS ground in the continental USA. International orders are subject to the shipping rate as disclosed on the check out page. International customers are responsible for any taxes or duties that may be charged by their customs.




Returns


Sunglasses may be returned for a full refund within 15 days of receipt. Refunds will only be issued to sunglasses in new, undamaged, resalable condition with all original packaging. Customers are responsible for all return shipping charges. If you would like to return your sunglasses please contact us by phone or email for further instructions.




Warranty


All of our sunglasses are covered by a one year warranty against any manufacturing defects. We will repair or replace any sunglasses that do not meet our strict manufacturing guidelines. All leather goods including wallets and watch straps are not covered by any warranty.




Tracking my order


You will receive a confirmation email once you have placed your order. Once your order ships we will send you another email that will have your items tracking information.





CONTACT US